Јувентус во сериозен „лов“ на голманот на најголемиот ривал

Милан не успеа да се договори за продолжување на соработката со голманот Мајк Мењан, па голманот влезе во последната година од договорот.

Преговорите се во застој веќе некое време, иако во еден момент се чинеше дека е постигнат договор, но сега Французинот е поблиску до заминување од Сан Сиро. Челси имаше силна желба да го потпише во текот на летото, но Масимилијано Алегри го блокираше тој трансфер. Сепак, ова не придонесе клубот и играчот да се договорат за нов договор.

И тука во приказната се вклучи Јувентус, кој почна да го договора трансферот на Мењан за оваа зима, пишува Газета дело Спорт.

Јасно е дека „Старата Дама“ ќе има голема конкуренција за потписот на Французинот, бидејќи не се случува често на слободниот пазар да се најде така квалитетен голман.

Се вчитува...