Јувентус во „војна“ со 15 клубови од Серија А

Јувентус се впушти во „војна“ со 15 клубови од Серија А, во судирот во кој настрана се одлучија да останат Фиорентина, Милан, Интер и Рома.

Објавенот е дека поголемиот дел од клубовите од Серија А потпишале резолуција со која се обврзуваат дека ќе ги поддржат сите од останатите врвни лиги на Европа кои се спротиставуваат на УЕФА и ЕКА. Според тие 15 клубови, плановите кои содржат систем на промоција и релегација во европските клупски натпреварувања може да доведат до пад од 35% кога е во прашање заработката од продадените билети во Серија А.

Но, Јувентус не сака ниту да слушне за таа резолуција затоа што и претседателот на клубот, Андреа Ањели е прв човек и на ЕКА која се заложува за европска „Супер лига“.

Се вчитува...