Екипата на Јувентус дојде до триумф во 28. коло во италијанската Серија „А“ откако лесно и убедливо ја совлада екипата на Пиза со 4-0.
Сепак, гостите пружија достоен отпор, затоа што првиот гол на фаворитот го постигна во 54. минута преку Камбиасо, по асистенција на Јилдиз. Откако го постигна првиот, Јувентус се ослободи од притисокот, па го постигна и вториот преку Турам.
Третиот гол беше дело на Кенан Јилдиз, на асистенција на Франциско Консеисао. За печат на убедливиот триумф се погрижи Бога кој погоди во третата минута од судиското надополнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

