Јувентус врза две победи во серија во Калчо-лигата откако „старата дама“ вечерва ја оправда фаворитската улога против Емполи, славејќи со 4-0. Ланскиот пораз од 0-1 од истиот ривал беше доволно предупредување овојпат избраниците на Алегри да одиграат далеку пофокусирано, по што заслужено стигнаа до трите бода на овој дуел.
Клучно беше што отпорот на гостите беше скршен во раната фаза од мечот, Костиќ маестрално нафрли од левата страна, а Кеан се најде на вистинското место и го совлада голманот на Емполи.
Триумфот беше осигуран во второто полувреме, најпрвин Мекени погоди со глава за 2-0, пред Рабио (вториот и третиот гол беа постигнати по корнери) да погоди за 3-0. Конечните 4-0 ги постави Рабио со својот втор гол на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА