Фудбалерите на Јувентус остануваат во игра за Лигата на шампионите откако денеска на домашен терен славеа над Џенова со 2-0 во натпревар од 31. коло од сезоната во италијанската Серија А.
„Старата дама“ сите дилеми околу победникот ги разреши по само 17 минути од почетокот на мечот. Домаќините поведоа со 1-0 уште во 4. минута со погодокот на Бреме, а до 17. минута веќе беше и 2-0 со погодокот на Мекини.
До крајот мируваа мрежите, а избраниците на Лучијано Спалети запишаа нови три бода.
Juventus [2]-0 Genoa – Weston McKennie 17'
byu/977x insoccer
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

