Јувентус за судбината на Мота: Не е под закана за смена!

Од таборот на Јувентус одговорија на бројните шпекулации за смена на тренертот Тиаго Мота по шокантната елиминација на тимот во Купот на Италија од Емполи.

Техничкиот директор, Кристијано Џунтоли, исклучи секако можноста за смена на Мота, истакнувајќи дека има целосна поддршка.

„Се согласуваме со ставот на тренерот дека играта беше неприфатлива. Разочарани сме, но веруваме дека сме на вистинскиот пат. Реализиравме разговори со играчите кои се свесни дека мора да дадат повеќе за да ја оствариме главната цел – пласман во Лигата на шампионите. Но, да биде јасно дека тренерот не е под закана за смена. Убедени сме дека проектот кој го започнавме пред шест месеци наскоро ќе ни донесе резултати. Затоа, во клубот воопшто не се дискутира за судбината на Мота, кој сакаше да ја разбуди одговорноста кај играчите со своите изјави. Клубот секогаш носи одговорност за тоа што се случува“ – истакнува Џунтоли за италијанските медиуми.

Се вчитува...