Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез јавно го истакна своето незадоволство од новиот тренер Нико Ковач и би можел да си замине од Баерн Минхен веќе во јануари. Тоа сака да го искористи италијанскиот првак Јувентус и да го доведе во Торино. Масимилијано Алегри, според медиумите на Апенините, сака повторно да ги спои Хамес Родригез и Кристијано Роналдо, кои се познаваат одлично од периодот во Реал Мадрид.
Јувентус е подготвен да плати 60 милиони евра и да го доведе Хамес Родригез во зимскиот преоден рок. На листата на желби на Алегри е и дефанзивецот Матс Хумелс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА