Ситуацијата со повреди во Јувентус оваа сезона наместо да се подобрува, се влошува. Според медиумите во Италија и Колумбија, левиот бек на тимот Хуан Кабал заработил тешка повреда која ќе го оддалечи од терените до крајот на сезоната.
Се верува дека 23-годишниот фудбалер ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено на тренинг за време на кампот на репрезентацијата на Колумбија. Оттаму потврдија дека фудбалерот се вратил во Торино каде ќе му бидат извршени дополнителни лекарски прегледи.
Доколку се потврди лошата прогноза, Јувентус ќе остане без уште еден дефанзивец до крајот на кампањата, откако Бремер исто така неодамна ги скина вкрстените лигаменти. Кабал беше потпишан од Верона летото и досега има 9 настапи со 1 асистенција за „Старата дама“ во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА