Јувентус се помири со фактот дека ова лето ќе остане без услугите на италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза кој изрази желба да замине од Торино и се очекува кариерата да ја продолжи во Рома каде постои сериозен интерес за неговите услуги.
Со тоа „старата дама“ веќе започна со пронаоѓање на неговата замена, а според италијанските медиуми таа ќе дојде од редовите Манчестер Јунајтед.
Станува збор за Џејдон Санчо за кој нема место на „Олд Трафорд“. Англискиот репрезентативец по кавгата со тренерот Ерик тен Хаг вториот дел од минатата сезона ја помина во Борусија Дортмунд, а ова лето се очекува да направи и перманентен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА