Екипата на Јувентус ја почна потрагата по нов напаѓач, кој треба да дојде во Торино како замена за Душан Влаховиќ, кој е на излезна врата од тимот на Торино.
Според италијанските медиуми, челниците на овој клуб веќе почнале контакти со данскиот напаѓач во дресот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд. Хојлунд веќе има искуство со играње во Италија откако беше дел од Аталанта пред да замине во Премиерлигата.
Јунајтед го плати Хојлунд околу 70 милиони евра во летото 2023 година, и неговата моментална цена се проценува на околу 50 милиони евра. Сезонава тој има 29 настапи и постигнато четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

