24-годишниот фудбалер на Челси, Кристијан Пулишиќ би можел да ја продолжи кариерата во Јувентус, пренесуваат медиумите во Италија и Англија.
„Калчомеркато“ пренесува дека клубот од Торино започнал преговори со агентот на 24-годишниот американски интернационалец со хрватско потекло, откако дознал дека овој играч е отворен за преселба во нов клуб.
Пулишиќ не е задоволен од статусот во тимот, оваа сезона беше стартер на само шест натпревари во Премиер лигата и два во Лигата на шампионите. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на американскиот репрезентативец на 42 милиони евра. Неговиот договор со лондонскиот клуб е до 2024 година.
Пулишиќ дојде во Челси во јануари 2019 година, а неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд доби 58 милиони фунти (околу 64 милиони евра) како обештетување.
Кристијан за репрезентацијата на САД одигра 51 натпревар и постигна 21 гол.
Juventus have reportedly opened preliminary talks with Christian Pulisic’s agent, with the USMNT international eager to leave Chelsea in the summer.
Pulisic’s contract runs out in June 2024 and according to the report, Chelsea want at least €35m to sell him. pic.twitter.com/L9VMhobAX0
— USMNT Only (@usmntonly) September 26, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА