Италијанскиот првак Јувентус испрати нова, повисока понуда до Реал Мадрид за услугите на Бразилецот Данило. По заминувањето на Дани Алвеш, раководството на „старата дама“ сака брзо да ја пополни десната бековска позиција, а тренерот Масимилијано Алегри добро решение гледа во Данило, кој во изминатете две години не доби вистинска шанса во „кралскиот клуб“. Тој се наоѓа во подредена ситуација во однос на Дани Карвахал, кој е стандарден на позицијата десен бек.
Реал Мадрид ја одби првичната понуда од 15 милиони евра, но сега италијанскиот шампион достави нова, со сума од 20 милиони евра, за купување на Бразилецот Данило. Тој има актуелен договор до 2021 година, а на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна од Порто во 2015 година, за сума од 30 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА