Кошаркарите на Јужен Судан дојдоа до победа над Порторико во кошаркарскиот натпревар, благодарение на пресвртот кој го направија на почетокот на третиот период . И покрај тоа што на полувреме заминаа со негатива од шест поени разлика, сепак, во последните две четвртини направија голем пресврт и го добија мечот со 90-79.
Откако на полувремето беше 54-48 за Порторико, сепак, веднаш на почетокот на третиот период Јужен Судан го направи пресвртот, и предноста ја задржа до крајот.
Не беа доволни ниту 26 поени на Алварадо од Порторико кој блексаше. Кај Јужен Судан најефикасен беше Џонс со 19 поени. Во оваа група денеска се игра и дербито помеѓу Србија и САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА