Jужна Африка го освои третото место на Африканскиот куп на нации (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јужна Африка се освојувачи на третото место на Африканскиот куп на нации откако и трет меч по ред го играа на пенали на овој шампионат. Овојпат среќата беше на нивна страна па откако по деведесет минути мируваа мрежите (0-0) успеаја да слават на Демократска Република Конго со 6-5.

Клучна во натпреварот беше седмата серија кога прво за Јужна Африка погоди Ксулу, а потоа трагичар за Конгоанците беше Елиа кој не го реализираше ударот од 11 метри.

South Africa vs Congo DR – Penalty shootout (6-5)
byu/Meladroitdimage insoccer

Се вчитува...