Јужна Африка се пласираше на Мундијалот, првпат после 2010 година кога беше организатор

Репрезентацијата на Јужна Африка е најновиот учесник на Светското првенство во 2026 година кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Екипата предводена од Хуго Брос ја освои групата Ц од африканскиот квалификациски турнир, оставајќи ја зад себе селекцијата на Нигерија која ќе мора да ги чека исходите од другите групи и да види дали ќе биде една од најдобрите второпласирани.

Јужна Африка ќе учествува на Светското првенство првпат по 2010 година, кога беше организатор на истото. Ова ќе биде нивно четврто учество во историјата на репрезентацијата.

Пласман на Светското првенство обезбеди и Катар по победата над Обединетите Арапски Емирати со 2-1, и го освоија првото место во групата.

Се вчитува...