Јужна Африка е нов светски првак во рагби, откако во денешното спектакуларно финале во Јокохама оваа репрезентација славеше над Англија со убедливи 32-12.
Англичаните се надеваа на искачување на тронот, но Јужна Африка имаше целосна контрола над резултатот, на полувреме водеше со 12-6, а на крајот славеше со убедливи 20 поени разлика. Јунак на новиот светски првак беше Андре Полард, кој постигна 22 поени.
Ова беше трета титула светски шампион за Јужна Африка, по оние во 1995 и во 2007 година.
Бронзениот медал на овој светски шампионат го освои Нов Зеланд, кој триумфираше со убедливи 40-17 над Велс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА