Олимпискиот одбор на Јужна Кореја, настојува да испрати стотини спортисти во воен центар за обука во градот Поханг, за подобро психолошки да се подготват за ОИ во Париз 2024.
Околу 320 спортисти, вклучувајќи и жени, се очекува да бидат дел од тренинг кампот, се наведува во соопштението на олимпискиот одбор. Спортските сојузи од своите спортисти барале да се подготвуваат на ваква обука воочи големите настани, но ова е првпат да биде препорачано од Олимпискиот одбор.
На ваков чекор се одлучиле после Азиските игри годинава, кога Јужна Кореја заврши како третопласирана по бројот на медалите после Кина и Јапонија. После тоа натпреварување претседателот на одборот, Ли Ки-Хјеон ја изнел идејата за воен камп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА