Јужните соседи шокирани: Грците на колена пред Нуркиќ и БиХ… (ВИДЕО)

Кошаркарите на БиХ го приредија едно од најголемите изненадувања на Европското првенство досега. Во натпреварот од четвртото коло, ја победија грчката репрезентација со (80-77) и со тоа се најдоа на дофат на пласман во осминафиналето на Евробаскетот 2025.

Јусуф Нуркиќ повторно запиша дабл-дабл со 18 поени и десет скока. Исто толку постигна и Џон Роберсон, кој го одигра својот најдобар натпревар на првенството со 18 поени. Двоцифрен број поени постигна и Един Атиќ со 15 поени.

Кај Грците, Слукас постигна 15 поени, додека Дорси имаше еден помалку.

Сега момците на Азиз Беќирагиќ имаат добри шанси да се пласираат во нокаут фазата, но како што стојат работите, ќе мора да ја победат Грузија во последното коло.

Грците можеби беа малку нервозни, бидејќи пред овој натпревар веќе обезбедија место во осминафиналето, а во последното коло ќе се соочат со Шпанија. Но, и играа без повредениот Јанис Антетокумбо.

Се вчитува...