Ноќеска се одиграа пет натпревари во квалификациите за пламсман на Светското првенство во Јужна Америка. Беа постигнати чудни резултати, а главните фаворити за првото место Аргентина и Бразил беа поразени од Колумбија, односно од Парагвај.
Хамес Родригез и пресуди на Аргентина, која го претрпе вториот пораз во квалификациите. На крајот беше 2-1 за Колумбијците кои први поведоа со голот на Москера. Нико Гонзалез успеа да израмни во 48. минута од средбата, за во 60. минута Хамес Родригез од пенал ја донесе победата за домаќинот.
Бразил има огромна среќа што од групата одат дури шест селекции, па може да биде речиси сигурен во својот пласман, со оглед дека во овој квалификациски циклус игра катастрофално. „Кариоките“ ноќеска беа поразени од Паргвај 1-0, само еден ден откако нивниот селектор Данило Јуниор најави дека Бразилците ќе играат во финалето на идниот Мундијал.
Стрелец на единствениот гол беше Гомез во 20. минута од средбата. Бразил има четири порази на последните пет натпревари, што е една од најлошите серии во историјата на оваа селекција. Ова беше прва победа на Парагвај над Бразил после 16 години.
Големо изненадување претставува и победата на Боливија на гостувањето кај Чиле. На Чиле му се заканува катастрофа и можност да не се пласира на идниот Мундијал, откако е претпоследен со само пет бодови од осум натпревари, додека Боливија ги задржа шансите за пласман на Мундијалот.
Еквадор беше подобар од Перу, а Венецуела остана непоразена во дуелот со Уругвај и одигра без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА