Јужнокорејскиот интернационалец Хјонг – Мин Сон го продолжи договорот со англискиот премиерлигаш Тотенхем и за наредните пет сезони. Тој стави потпис за верност до 2023 година, одбивајќи ги понудите од неколку шпански и италијански клубови.
Хјонг – Мин Сон постигна 18 гола и имаше 11 асистенции во сите конкуренции изминатата сезона во дресот на Тотенхем. Тој пристигна во клубот од Лондон во 2015 година и досега има постигнато 47 погодоци на 140 натпревари. Во 2017 година стана и најефикасниот азиски фудбалер во историјата на Премиер – лигата, надминувајќи го Парк Ји-Сунг, кој своевремено беше член на Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА