Кабокло ја уништи Црна Гора – Бразил со победа ги почна квалификациите за ЛОИ

Кошаркарите на Бразил со победа против Црна Гора од 81-72 во Групата Б2 ги почнаа квалификациите за Летните олимписки игри во Бразил.

Црногорците беа подобар противник во првите две четвртина заминувајќи на полувремето со предност од 36-42, но потоа следеше комплетен пресврт на Бразилците предводени од кошаркарот на Партизан, Бруно Кабокло.

Кабокло запиша 25 поени на дуелот, дополнувајќи и со девет скока. Хуертас имаше 17 поени кај Бразилците, а кај Црна Гора најдобар беше Вучевиќ со 17 поени и 13 скока.

Во Групата Б2 е уште и репрезентацијата на Камерун.

Се вчитува...