Бразилскиот центар Бруно Кабокло беше феноменален во победата на неговиот тим над Јапонија на Олимписките игри, а по настапот во Лил проговори и за неговиот клупски ангажман.
Поранешниот НБА кошаркар има важечки договор со Партизан, но на крајот од минатата сезона имаше несогласувања со „црно-белиот“ тим. Сепак, тој вели дека сака да се врати во Белград и да игра за најдобриот тренер, Жељко Обрадовиќ.
„Имам договор со Партизан. Ние работиме на тоа. По завршувањето на сезоната, нешто се случи. Јас и мојот агент работиме на тоа. Се надевам дека ќе го решиме проблемот. Мојата желба? Го сакам Партизан! Тренерот е најдобриот што сум го имал, научив многу, нема подобри навивачи од Партизан и тоа е одлично место. Би сакал да се вратам“, изјави Бруно Кабокло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА