Бразилскиот центар Бруно Кабокло предизвика ретко видена драма во Белград откако пред самиот крај на сезоната „побегна“ од тимот на Партизан да и се приклучи на репрезентацијата. Во текот на целото лето постои шпекулации дали тој ќе се врати назад во „црно-белиот“ дрес, за што судејќи по последните информации од Србија постои минимална шанса.
Партизан денеска на свечен начин ќе го претстави новиот тим, а се очекува дел од церемонијата да не биде Кабокло. Но, и покрај тоа што тој нема да биде дел од Партизан се очекува да остане во Белград.
Сепак Кабокло нема да настапува за некој српски тим туку во иднина ќе го носи дресот на израелскиот Хапоел Тел Авив кој поради војната помеѓу Израел и Палестина во новата сезона домашните натпревари ќе ги игра во главниот град на Србија.
Бразилецот на маса има договор вреден 1.5 милиони евра за престојната сезона, но за негов потпис прво ќе треба обесштетување да добие Партизан, пренесуваат израелските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА