Претставниците на Фудбалската федерација на Македонија во комисиите на УЕФА продолжуваат и на крајот на ноември со своите настапи на меѓународната сцена. На 27 ноември на Малта, на мечот меѓу домашниот Хамрун и Линколн Рид од Гибралтар, во рамките на Конференциската лига, главен судија ќе биде Јован Качевски, a ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Игор Стојчевски.
Влатко Илиоски е одреден да биде биде главен судија во Романија во Лигата на европските шампиони, играчи до 19 години меѓу клубовите ФЦСБ и Академија Пушкаш од Унгарија кој ќе се одигра во Букурешт на 26 ноември. Ќе му помагаат Мартин Дејановски и Иле Мишески. Четвриот судија ќе го одреди Фудбалската федерација на Романија.

Поранешниот наш најдобар фудбалски судија Александар Ставрев, сега контролор во УЕФА ќе патува на Исланд каде во рамките на Kонференциската лига ќе го контролира судењето на мечот меѓу Брејдаблик и Сампсунспор од Турција.
Не е заборавена и Александра Пејковска која ќе биде делегат во групната фаза во Лига на Европа во Истанбул, меѓу Фенербахче и Ференцварош од Унгарија.
Oваа недела на меѓународната сцена ќе биде ангажиран и менаџерот за фудбал во ФФМ, Жарко Игњатовски, кој ќе биде организациски директор во групната фаза од Лига Европа во Чешка меѓу Викторија Плзен и Фрајбург од Германија. Мечот ќе се одигра во Плзен на 27 ноември.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

