Каде ако не на Балканот: Куче доби црвен картон на пријателски натпревар во Србија (ФОТО)

Фудбалска Европа се подготвува за вториот дел од сезоната, а во големиот број на пријателски дуели сведоци сме на не секојдневни ситуации. Таква е и онаа последната која ни доаѓа од Србија каде на дуел помеѓу Кулубара и Раднички, црвен картон заработи куче.

Најдобриот пријател на човекот и овој пат сакал да биде покрај луѓето, најверојатно и да си поигра со топката, но откако кучето четири пати било изнесувано надвор од теренот, судијата се одлучил да му даде директен црвен картон. Се тоа го има евидентирано фудбалскиот експерт Ричард Вилсон.

 

Се вчитува...