Каде е денес мистериозниот генијалец на Клоп?

Само два дена пред натпреварот од Лигата на шампионите против Рома во 2018 година, главниот помошник на Клоп, Жељко Бувач, ненадејно го напушти Ливерпул. Клубот заминувањето го оправда со „лични причини“ и се очекуваше Бувач наскоро да се врати во тимот. Но, тоа не се случи.

Одличниот тренер никогаш повторно не се појави во Ливерпул и Клоп остана без човекот со кој работеше во целата своја тренерска кариера. За среќа на Клоп, заминувањето на Бувач не се почувствува во резултатите на тимот. Ливерпул следната година ја освои Лигата на шампионите, а една година подоцна првата титула во Премиер лигата по 30 години.

Бувач во неколку наврати потенцираше дека никогаш немал амбиција да се истакне или да биде во преден план, истакнувајќи дека не сакал да биде ѕвезда за ниту еден тим.

Во декември 2021 година, тој го продолжи договорот со Динамо до 2024 година, а ниту војната во Украина не го принуди да ја напушти Москва. Тој рече дека ќе остане во Русија и следната сезона и дека ќе го одработи договорот.

Се вчитува...