Само еден клуб може да ја покрие платата на Ериксен

Кристијан Ериксен воопшто не е во плановите на Интер,тоа го потврди и генералниот директор на италијанскиот клуб, Џузепе Марота,  сосема искрен во одговорот на прашањето на новинарите.

Данецот не ги оправда очекувањата по ланскиот трансфер од Тотенхем, па неговиот престој на „Џузепе Меаца“ најверојатно ќе трае само 12 месеци.

„Тој е на трансфер листа. Не се вклопи во тимот и не е функционален за нас. Ова не е некоја навреда или критика за неговиот професионализам, тоа е реалноста. Поштено е да му дозволиме да оди негде каде каде ќе игра“ – изјави Бепе Мората.

Прашање е само каде ќе заврши Данецот? ПСЖ е најреалната опција, бидејќи францускиот клуб може да си ја дозволи цената на играчот од средниот ред и неговата плата која изнесува 7.5 милиони евра по сезона, а добри ќе се вклопи и кај својот поранешен тренер, Маурицио Покетино.

„Светците“ делуваат загреано, но доколку не биде постигнат договор Ериксен ќе се соочи со огромен проблем, бидејќи ниту еден од останатите заинтереирани клубови не сака да ја покрие неговата плата. Вулверхмптон, Арсенал, Валенсија и Ајакс сите најавија понуди, но ниту една не е повисока од пет милиони евра

Се вчитува...