Каде ќе заврши поранешниот МВП на Евролигата?

Најџел Хејс Дејвис со години беше меѓу најдобрите кошаркари во Евролигата, а беше избран и за МВП на елитното европско натпреварување, по што минатото лето се реши за поинаков предизвик.

НБА-лигата сепак се чини беше преголем залак за крилниот кошаркар кој не се снајде во Феникс, во текот на вчерашниот ден беше трејдуван во Милвоки, но овој клуб веднаш реши да му го раскине договорот. Хејс Дејвис е подготвен за камбек во Европа, но тој веќе ставил до знаење – за тоа да се случи ќе треба да стане најплатен кошаркар во Евролигата.

Неговиот поранешен клуб Фенербахче веќе испратил понуда, а во игра се и Панатинаикос и Хапоел, клубови познати по тоа што не жалат пари кога ќе тргнат во офанзива по големите „ѕвезди“.

Неофицијално, Хапоел понудил два милиони евра само до крајот на сезонава, а потоа и десет милиони евра за наредните две години, но Американецот се уште чека за да види како ќе се одвиваат преговорите со останатите клубови пред да донесе конечна одлука.

Се вчитува...