Најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, Еден Азар повторно е во втор план кај тренерот Карло Анчелоти. Синоќа Реал Мадрид го победи Шахтјор со 2-1, а Белгиецот повторно остана на клупата.
Ова беше дури четврти натпревар по ред на кој Азар не одигра ниту една минута. Сезонава офанзивецот на теренот мина само 158 минути, на четири натпревари, постигна гол и додаде една асистенција, а тоа го направи против Селтик во Лигата на шампионите.
Азар последните минути ги одигра на 11 септември во победата над Мајорка и оттогаш е „закован“ на клупата. Предност пред него има дури и Марко Асенсио, иако е познато дека Шпанецот на лето ќе си замине како слободен играч, бидејќи Реал Мадрид повеќе не ја разгледува опцијата за продолжување на договорот.
Медиумите од Шпанија констатираат дека најдобро решение на Реал е Азар да си замине на зима. Каква ќе биде одлуката на Анчелоти и струшниот штаб останува да се види по ркајот на Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

