Каде застана – продолжува: МИОВСКИ со гол и асистенција за победа на Абердин ја почна 2024 (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски таму каде што застана во 2023, продолжува во 2024 година. Со гол и асистенција за победа на Абердин, Миовски ја почна новата календарска година.

Во 21. коло од Премиерлигата на Шкотска, Абердин убедливо со 0-3 славеше на гостување против Рос Каунти.

Миовски го постигна својот девети гол сезонава за Абердин стрелајќи во 80. минута од натпреварот поставувајќи ги конечните 0-3.

Претходно, пак, македонскиот напаѓач му асистираше на МекГрат во 24. минута за водство од 0-1.

Бојан Миовски со најновиот гол, девет на своето конто досега во Премиерлигата, сега се проби на третото место на листата на најдобрите стрелци во Шкотска.

Се вчитува...