Каденас: Добро е што не игра Вуко Борозан

Искусниот шпански тренер, Маноло Каденас, кој од оваа сезона го предводи Мешков Брест, свесен е дека денеска во Скопје го чека исклучително тешка задача во новата пресметка со Вардар, овој пат во Лигата на шампионите. Двата тима во редуциран состав, неделава веќе играа меѓусебен во регионалната СЕХА лига,  сепак, дуелот во Лигата на шампионите има поинаква тежина.

Осврнувајќи се на одност на силите пред денешниот натпревар, Каденас потенцира дека за Мешков Брест е добро што во составот на Вардар ќе го нема Вуко Борозан кој е под суспензија од ЕХФ.

„Добро е што Борозан нема да игра сега против нас, бидејќи, тој е еден од најдобрите леви бекови во светот. Но, и Дисигер кој сигурно ќе го замени Церногорецот е сериозна закана и ќе биде тешко да се задржи“ – вели Маноло Каденас.

Тој исто така потенцира дека Вардар останал на иста линија и по летната реконструкција во тимот.

Мислам дека Роберто Парондо повеќе или помалку, ја продолжи линијата на Раул Гонзалес, на кого му помага во репрезентацијата на Македонија. Може да се каже дека тоа се тренери кои имаат иста филозофија. Така што, генерално, во Вардар ништо не се смени. Да, некои од главните играчи заминаа, но тие беа заменети со подеднакво добри мајстори – Скубе, Калараш, Дисингер. Сите тие се исто така силни ракометари, а многу перспективен е и Гедбан“ – вели Каденас.

За денешниот натпревар во Скопје, тој во составот на Мешков Брест ќе ги нема Денис Рутенка и Вид Потеко. Но, Шпанскиот стратег  истакнува дека тимоти е добро подготвен за пресметката со Вардар и покрај отсуствата и паузата во ЛШ.

Дуелот Вардар – Мешков Брест се игра денеска со почеток во 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...