Каденас: Вардар е фаворит на хартија, но …

Стратегот на Брест Мешков, Маноло Каденас, му ја препушта на Вардар фаворитската улога во пресрет на саботниот натпревар во Белорусија меѓу двата тима. Избраниците на Каденас лесно и убедливо го совладаа резервниот тим на Вардар во СЕХА, по што следеше пораз во Скопје во рамките од Лигата на шампионите, а влогот на третиот меѓусебен дуел сезонава е огромен, Брест мора да слави за да си ги зголеми шансите за место во осминафиналето, а Вардар посакува триумф кој е многу важен во битката за второто место во групата.

Се уште се сеќаваме на поразот во Скопје, тренираме за да не ги повториме истите грешки. Треба да се вложи максимален напор, да се одигра најдобро што се може за да се победи овој ривал. Победата ни е неопходна за да се пласираме во следната фаза, знаеме дека очекувањата се големи и затоа мораме да одговориме на предизвикот. Вардар во своите редови има многу играчи што пред две години ја освоија Лигата на шампионите, Македонците се фаворити на хартија, но ние го имаме домашниот терен како наш адут. Се надевам дека ќе направиме доволно за да победиме, со поддршка од верните навивачи“ – изјави тренерот на Брест Мешков.

Натпреварот меѓу Брест Мешков и Вардар на програмата е в сабота со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...