Македонската кадетска репрезентација во продолжение загуби од Летонија со 77-83 во натпревар без резултатско значење на Европското првенство А-дивизија за кошаркари до 16 години.
Македонија со претходната победа над Данска обезбеди опстанок во А-дивизијата, па по денешниот пораз ќе игра во битка за 11. место на првенството. Низ максимално рамноправен меч со Летонците, македонските кошаркари во последната четвртина од регуларниот дел влегоа со шест поени предност. Но противникот успеа да ја добие последната четвртина и да се избори за продолжение.
А, во продолжени Летонија беше подобра со 12-18, за конечна победа од 77-83.
Најдобар во македонскиот табор беше Бојан Величковски со 25 поени и осум скока, а Марко Луканоски постигна 15 поени, дополнети и со седум скока. Никола Јаничиќ го заврши мечот со 12 поени и пет асистенции. Во победничкиот состав најдобар беше Петерсонс со 18 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА