Додека јуниорите се подготвуваат за освојување на златниот медал на ЕП од Дивизијата „Б“ во Скопје, нивните помлади „колеги“ од селекцијата „Под 16“ години полека но сигурно го завршуваат периодот на подготовки за она што ги очекува за неколку дена, и на истото место – почетокот на евро-шампионатот во кадетска конкуренција, кој исто така ќе биде во организација на Македонската кошаркарска федерација.
Избраниците на Александар Јованчеев синоќа во Гегелија го одиграа последниот контролен меч пред ЕП, рутински триумфирајќи над Ирска со резултат 74-63. Одлична прва четвртина одиграа нашите млади кошаркари. За десет минути од играта направија убедлива разлика (31:14), која ја одржуваа во период од три четвртини. Оној во кој се стекнавме со уште повисока позитива (65:43), и го решивме прашањето на победникот.
Цветковски, со 15 поени, го предводеше нашиот тим кон успехот, Нешовиќ постигна 12, Ефтимовски имаше 11, а Ѓорѓевиќ уште десет поени.
По еден ден предвиден за одмор, од понеделник, нашата кадетска селекција продолжува со оние завршни подготовки во СРЦ „Кале“ каде ќе ги дочека натпреварите од групата „Д“ во која за противници ги имаме репрезентациите на Естонија, Украина, Шведска и Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА