Ждрепката не им беше премногу наклонета на македонските ракометни кадети, кои се најдоа во исклучително тешка група на претстојниот европски шампионат што летово ќе се одржи во Белград.
Нашите млади ракометари беа извлечени во групата А, каде за противници ќе ги имаат врсниците од Франција, Шведска и од Словенија.
Европското првенство во Белград ќе се одржи од 29 јули до 9 август годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

