Кадетите ги добија противниците во квалификациите за ЕП

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година.

На денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, Макеоднија беше извлечена во квалификациската група Д, заедно со репрезентациите на Грција, Финска и Луксембург.

Квалификациите се закажани за периодот од 31. октомври до 2. ноември годинава, а пласман на Европското првенство ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации од секоја група.

Се вчитува...