Кадетската репрезентација на Македонија забележа и втор пораз на вториот пријателски натпревар со соодветната селекција на Бугарија.
Гостите имаа подобра завршница на мечот па со пресврт дојдоа до триумф од 63-73.
Македонските кошаркари се до последната четвртина постојано имаа предност, во третиот период и од 52-46, но дозволија во последните пет минути од последната четвртина Бугарите да направат пресврт со серија од 5-17, и да запишат триумф.
Најков беше најдобар поединец на натпреварот со 22 поени, Марјановиќ постигна осум поени, Ефтимовски запиша седум, а Терзиевски мечот го заврши со шест постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА