Кадетите и вторпат ја решија Романија

Македонската кадетска ракометна репрезентација ја совладаа селекцијата на Романија и во вториот контролен натпревар кој се играше во спортската сала во Автокоманда. По вчерашниот минимален триумф од 31-30 избраниците на Радослав Стојановиќ денеска беа подобри од своите врсници од Романија со 32-27.

Македонија во еден момент имаше и највисоки плус шест, а во текот на сите 60 минути го исконтролира резултатот за втора победа во два дена.

Кадетската репрезентација се подготвува за Светското првенство во Хрватска. Македонија е во група заедно со Норвешка, Црна Гора и уште една селекција која ќе биде позната подоцна.

Се вчитува...