Македонската кадетска репрезентација (кошаркари до 16 години) убедливо славеше против Данска со 83-64, во одлучувачкиот натпревар за опстанок во европската А-дивизија.
По поразот од Турција на нашите кадети им беше неопходна победа на денешниот дуел против Данците, и не дозволија никакво изненадување на турнирот кој се игра во Скопје. Уште во првата четвртина покажаа дека се цврсто решени да одат на победа добивајќи ја со 22-16.
Во продолжението во континуитет растеше предноста, на полувремето и убедливи 49-34, за на крај и триумф од 83-64.
Најефикасен во македонскиот табор беше Никола Јаничиќ со 20 поени, дополнети и со шест асистенции. Марко Луканоски беше извонреден со „дабл-дабл“ ефект од 10 поени и 14 скока, а Зетов мечот го заврши со 15 постигнати поени. Кај Данците најдобар беше Педерсен со 17 поени.
На овој начин кадетите уште сега си го обезбедија опстанокот во А-дивизијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА