Кадетската ракометна репрезентација на Македонија стигна до првата победа на „Трофеј Карпати“ откако денеска славеше над домаќинот Романија со 33-24.
По вчерашниот пораз од Полска, нашите ракометари одиграа одличен натпревар и без поголеми проблеми славеа против домаќинот на турнирот, откако уште на полувреме имаше сигурно плус пет 15-10.
Утре во последното коло нашите надежи ќе играат против Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

