Кадетите ќе играат пријателски средби со Романија, Раде Стојановиќ повика 22 ракометари

Стручниот штаб и тренерот на кадетската машка ракометна репрезентација, Радослав Стојановиќ го објавија списокот на повикани ракометари за собир и настап на претстојната ЕХФ недела.

Во рамки на ЕХФ неделата кадетската репрезентација на Македонија ќе оддигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Романија.

Натпреварите се закажани за 11. март (сабота) во 18 часот, и 12. март (недела) во 12 часот во спортската сала Автокоманда во Скопје.

Се вчитува...