Кадетите ќе учествуваат на Меморијалниот турнир „Миљан Миљаниќ“ во Србија

Македонската кадетска репрезентација за фудбалери до 16 години од утре па до 11. мај ќе учествува на Меморијалниот турнир „Миљан Миљаниќ“ кој ќе се одржи во Стара Пазова во организација на Фудбалскиот сојуз на Србија.

 

Кадетите веќе утре во првиот натпревар од 17 часот ќе играат со домашната селекција на Србија. Во вториот полуфинален натпревар ќе се сретнат репрезентациите на Црна Гора и на Бугарија.

Натпреварот за третото место и финалето на турнирот се закажани за 11. мај.

Се вчитува...