Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години доживеа преубедлив пораз од 98-47 против репрезентацијата на Хрватска на пријателскиот натпревар кој се одигра во Дарувар.
Кадетите на Хрватска беа доминатни од самиот почеток па до крајот. Првата четвртина ја добија со 25-11, а веќе на полувремето заминаа со предност од 51-19. На истекот на 30. минута резултатот гласеше 78-28, а избраниците на Апостолски-Лечиќ парираа само во последните десет минути (20-19).
Андреј Шошкиќ беше првото име во редовите на Македонија со 16 поени, 6 украдени топки, 5 скока и 4 асистенции, додека него го следеше Марко Лукановски со 14 поени и 5 скока. Кај Хрватска најрасположен беше Матео Томашевиќ со 18 поени, а еден скок го делеше од дабл-дабл учинок.
Македонија и Хрватска денеска од 18 часот повторно ќе се сретнат на истото место во вториот пријателски натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА