Кадетите на Шкендија го освоија Купот на Македонија

Екипата на Шкендија го освои Купот на Македонија во кадетска конкуренција. Тетовци во финалето во Охрид беа подобри од екипата на Пелистер славејќи со 5-3 (3-2).

Натреварот на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид започна фуриозно за тетовските “црвено-црни“. Ефикасниот и крајно возбудлив натпревар го започнаа со три погодоци. Сепак до полувремето битолската екипа постигна два гола и најави дека финалната средба ќе биде крајно интересна. Во второто полувреме беа постигнати уште три гола. Два во мрежата на Шитраковски и еден во онаа на Абази. Головите вредни куп пехар за тимот на Шкенднија ги постигнаа: Рамиќ, Каримани, Спахиу и Рамадани (два). Додека во тимот на Пелистер прецизни беа Бошковси (два) и Селмани.

„Честитки за актерите од двете екипи кои одиграа финалање за паметење во кадетската конкуренција. Ние подобро го отворивме натпреварот и дојдовме до заслужена предност од три голови. Пелистер и покрај негативата не се предаде и со два погодоци успеа комплетно да се врати во игра. Во второто полувреме повторно имаше голови и возбудувања, но ние на крајот покажавме повеќе карактер и дојдовме до трофејот“ – изјави тренерот на Шкендија, Берат Имери.

 

Денеска во Охрид ќе се одигра и финалето во младинска конкуренција. Од 17 часот играат Работнички и Шкендија.

Завршницата на фудбалскиот куп на Македонија во Охрид продолжува утре со финалните средби за помлади пионери и пионери. Првото финале помеѓу Шкендија и Работнички е закажано за 10 часот. Во 17 часот за пехарот во конкуренција на пионери ќе играат Вардар и Академија Пандев. Следниот ден на стадионот „Билјанини извори“ е закажана и последната финална средба, каде ќе играат помладите петлиња на Вардар и Шкендија.

Шкендија – Пелистер 5-3 (3-2)

Стадион Билјанини извори, Охрид. Судии: Стојановски, Лика, Османи (сите од Кичево). Стрелци: Рамиќ, Рамадани 2, Каримани, Спахиу (Ш) Селмани, Бошковски 2 (П)
ШКЕНДИЈА: Абази, Мустафа, Реџепи, Рамиќ, Каримани, Рамадани, Мемиши, Шахини, Бакија, Гаши, Спахиу.
ПЕЛИСТЕР: Шитракоски, Ризанковски, Момировски, Божиноски, Мијаковски, Селмани, Бошковски, Стојановски, Јовановски, Ристески, Велјановски.

Се вчитува...