Кадетите на Вардар ја победија Шкендија и го освоија Купот на Македонија (ФОТО)

Кадетскиот тим на Вардар е освојувач на годинашното издание од Купот на Македонија.

Младите „вардарци“ во големото финале кое се одигра денеска во Кичево славеа против Шкендија на тој начин освојувајќи го трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Вардар славеше со 2-1 (1-1), а стрелци на головите за триумф на црвено-црните беа Кристијан Галевски и Мирза Хасиќ.

Се вчитува...