Кадетите на Вардар ја „срушија“ белградска Црвена Звезда на силниот меѓународен турнир во Фоча.
Избраниците на Влатко Грозданоски одиграа одличен натпревар на кој заслужено со 3-1 ја победија екипата на Црвена Звезда. Христијан Јевтоски, Петар Тодоровски и Андреј Цветковски беа стрелци на головите за црвено-црните.
Во првото коло на турнирот, Вардар доживеа пораз од екипата на Клуж од Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

