Во дербито од 20. коло во кадетската Суперлига на Македонија, Вардар го совлада Работнички со 4-1 и го преземаа водството на табелата во оваа конкуренција.
Со оваа победа “црвено-црните” имаат 50 бода, три повеќе во однос на градскиот ривал додека кругот на фаворитите се затвора со Македонија ЃП која е трета со 49 бода.

Директниот дуел за шампионскиот трофеј беше решен во второто полувреме. Во првиот дел, Работнички поведе во 23. минута со погодокот на Матеј Киш, а седум минути подоцна Коста Бошковски израмни на 1-1.
Ривалите за освојување на првата позиција одиграа извонредно второ полувреме во кое и двата тима имаа свои шанси за гол. Во 74. минута во листата на стрелци се запиша Петар Тодоровски за водство на Вардар од 2:1. Во 84. минута Админ Абдула зголеми на 3-1, а конечниот резултат го постави Матеј Ивановски со погодокот постигнат во 87. минута.
Третопласираниот состав на табелата, Македонија ЃП триумфираше со 5-2 на гостувањето против Башкими. Стрелци на головите за гостите беа Дамјан Талаков, Муаз Рамадани, Иле Тошевски, Лука Кнежевиќ и Антиан Емини.

Пелистер како гостин славеше со 3-0 во дуелот против Тиквеш, АП Брера ја совлада Шкендија со 3:1. Со истиот резултат заврши и соочувањето меѓу Арсими и Шкупи, а Охрид Лихнидос забележа победа на гостувањето против Скопје.
Убедлива беше и штипска Брегалница која во Тетово триумфираше над Тетекс со 5-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

