Кадетите поразени од Бугарија – Македонија ќе се бори за 15. место на ЕП Б-дивизија

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години забележа нов пораз на Европското првенство Б-дивизија на кое што сме домаќини.

Во разигрувањето за пласман од 13. до 16. место нашите надежи во еден израмнет натпревар загубија од Бугарија со 65-70.

Двете селекции одиграа еден егал меч во кој на крајот посконцентрирани беа Бугарите што беше доволно за нив конечен триумф и борба за 13. место.

Стефан Илиев со 18 поени беше прво име во таборот на Македонија, додека кај победникот Георги Димов постигна 17 поени. Во мечот за 15. место Македонија ќе игра против Велика Британија.

Се вчитува...