Кадетите поразени од Црна Гора во првиот пријателски натпревар

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години претрпе пораз од 94-72 од Црна Гора во пријателскиот натпревар одигран во СРЦ „Кале“ како дел од подготовките за престојните предизвици на Европското пренство.

По добриот старт на средбата и водството од 13-7 следеше серија на Црна Гора која ја врати незивесноста и која траеше во поголемиот дел од првото полувреме. Играта во серии им припадна на Црногорците кои на полувреме заминаа во двоцифрена предност и истата ја задржаа и во вторите 20. минути.

Со 14 поени Гиновски беше лидер на Македонија, а него го следеше Сотир со 12 поени.

Ова е првиот од двата предвидени натпревари против Црна Гора во овој период од подготовките. „Реваншот“ ќе биде одигран утре со почеток од 13 часот, исто така во СРЦ „Кале“.

Се вчитува...