Кадетите поразени од Унгарија, го освоија 10. место на ЕП во Скопје

Кадетската репрезентација на Македонија го освои десеттото место на Европското првенство – Б дивизија што се одржува во Скопје откако на последнито меч за пласман на деветтата позиција нашите млади кошаркари загубија од селекцијата на Унгарија со резултат 71-80.

За разлика од претходните средби за пласман од 9. до 16. место во кои Македонија доминираше против ривалите, избраниците на селекторот Јованчев овојпат немаа сили да продолжатво ист ритам. Унгарија беше репрезентацијата што ги контролираше и темпото и резултатот, по првата четвртина противниците поведоа со 16-23 и го контролираа водството до самиот крај.

Македонија од двоцифрена негатива се приближи на само четири поени предност (67-71), но тоа беше се што нашите кошаркари успеаја да сторат, Унгарците повторно влегоа во серија и на крајот стигнаа до заслужена победа.

Цветковски со 24 поени беше најефикасен во македонската селекција, додека 20 поени постигна Ѓорѓевиќ, а Терзиевски го заврши мечот со 12 поени.

Се вчитува...